Приведен 37-годишен прилепчанец, се обидел да пренесе 32,5 кг марихуана до граница со Грција

50

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 03.09.2025 на магистралниот пат Битола-Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана, која требал да ја транспортира до границата со Република Грција.

ИЗДВОЕНИ