понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведен 34-годишен скопјанец: Ги нападнал мајка си и сопругата, прво физички, па...

Приведен 34-годишен скопјанец: Ги нападнал мајка си и сопругата, прво физички, па со нож

308

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22:00 часот лишиле од слобода 34-годишен жител на Скопје, осомничен за семејно насилство.

Како што информираат од полицијата, претходно било пријавено дека околу 16:00 часот во семејниот дом тој физички ги нападнал својата 58-годишна мајка и 30-годишната сопруга. Според пријавата, при нападот употребил и остар предмет.

Надлежните преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ