недела, февруари 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведен 26-годишен возач кој усмрти 78-годишен велосипедист

Приведен 26-годишен возач кој усмрти 78-годишен велосипедист

104

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ