Притвор за насилникот кој со нож нападна 12-годишно дете на велосипед

20

СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот.

По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил кривичното дело.

Обезбедени се и дополнителни докази во врска со стореното кривично дело, а по консултација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по член 201- а, по што од судија за претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

ИЗДВОЕНИ