Притвор за четворицата кои ги осквернавеа гробовите на Стале Попов и Бранка Поповска

33
Фото: МВР

Притвор и кривична пријава за четворицата крадци кои на градските гробишта во Бутел беа фатени живи додека ги товера во кола осквернавените надгробни бисти на Стале Попов и Бранка Поповска. Од обвинителството информираат дека Јавен обвинител е поведена постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место. Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари, информираа од обвинителство и додаваат дека до судијата на претходна постапка е побаран притвор за сите четворица осомничени.

Стале Попов е македонски раскажувач и романсиер. Роден е во селото Мелница, Мариово.

Негов прв роман е „Крпен живот” (1953). Веднаш потоа напишал цела серија свои дела и станал еден од најплодните романсиери и раскажувачи на нашата македонска литература. Следната година го издал вториот дел од „Крпен живот”, како и „Опасна печалба” (1954). Две години подоцна го објавил романот „Толе Паша”, а потоа и „Калеш Анѓа” (1958), „Дилбер Стана” (1958), „Мариовскиот панаѓур” (1961), „Мариовски раскази” и „Итар Пејо” (раскази). Во ракопис оставил богато литературно наследство од необјавена проза (раскази и романи). „Шаќир војвода” (роман), „Необично дете” (роман), „Доктор Орешкоски” (роман) и две збирки раскази.

ИЗДВОЕНИ