четврток, февруари 26, 2026
Дома БАЛКАН Притвор за 25-годишникот кој со нож ја нападна 17-годишната девојка пред ресторан...

Притвор за 25-годишникот кој со нож ја нападна 17-годишната девојка пред ресторан во Белград

101

Полицијата во Белград, го приведоа А.О.(25) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело нанесување на телесна повреда, соопшти српското МВР.

Осомничениот, според обвинението, се сомничи дека синоќа околу 23.45 часот во Сурчин со нож  расекол 17-годишна девојка и ѝ нанел лесна физичка повреда.

Како што пренесоа српските медиуми, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторанот со нејзината пријателка. Веднаш по извршувањето на кривичното дело, полициските службеници го идентификувале и привеле А.О.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

ИЗДВОЕНИ