Ристо Крмзов, претприемач од Струмица, под сомнение за тешки финансиски малверзации, е ставен во триесетдневен притвор.
Од Кривичниот суд, тој ќе биде префрлен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Оваа мерка е изречена поради опасност од бегство, интервенирање врз сведоци и потенцијал да го повтори кривичното дело.
Минатата година во септември беше спроведена акција за даночно затајување во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар поврзани со Крмзов. Во акцијата беа приведени четири лица. Обвинителството информираше дека е оформен предмет за даночна измама и за перење пари и дека се сослушани три лица, а за едно се предложени мерки за претпазливост. Лицата беа пуштени на слобода, а судија на претходна постапка донесе одлука за одземање на патната исправа на бизнисменот Крмзов.
Крмзов тврдеше дека истрагата е отворена за да му се наштети и преземат неговите бизниси бизнисот транспортот градежништво и шпедицијата. (Б.Ѓ.)
Фото: Кривичен суд