Пристигнува Месечината „јагода“, нејзиното влијание ќе го промени животот на секој хороскопски знак

3790

Полната месечина, позната како „Месечина јагода“ (Strawberry Moon), го достигнува својот врв на 11 јуни 2025 година, а астролозите ја сметаат за совршено време за поставување нови цели, чиста енергија и ослободување од старите навики.

Името потекнува од северноамериканската традиција, каде што племињата ја поврзувале јунската полна месечина со сезоната на берба на јагоди – кратка, но исклучително плодна. Во старите европски култури, истиот месец се нарекува и меден месец, бидејќи крајот на јуни бил време на собирање мед. НАСА наведува дека оттука потекнува терминот „меден месец“ кој денес го поврзуваме со брачни патувања, пишува ABC News.

Познатиот астролог Кајл Томас објаснува дека полната месечина во јуни 2025 година е во Стрелец – огнен знак познат по оптимизам, учење и авантура.

„Стрелецот не охрабрува да ги прошириме нашите хоризонти и да стекнеме подлабоко разбирање за светот околу нас – без разлика дали преку патување, образование или духовност“, вели Томас. „Ова е одлично време да скокнете во непознатото, да поставувате големи прашања и да се поврзете со другите на глобално ниво – лично или професионално.

Полната месечина во Стрелец, според него, не повикува да бидеме љубопитни, храбри и отворени за нови сознанија.

А еве како „Месечината јагода“ ќе влијае на хороскопските знаци.

Овен

„Можеби ќе почувствувате потреба да ја промените вашата рутина или да започнете ново поглавје од животот. Патувањето и ширењето на знаењето одат рака под рака“, вели Томас.

Бик

“Време е да ги преиспитате вашите односи. Исто така, финансиската ситуација може значително да се промени – во позитивна насока”.

Близнаци

„Ве очекуваат големи промени во партнерските односи – без разлика дали се продлабочуваат или завршуваат.

Рак

„Ќе бидете премногу зафатени – и приватно и професионално. Доколку барате работа, овој период би можел да ви донесе важни можности.

Лав

“Љубовта цвета! Без разлика дали сте сингл или во врска, ова е идеално време за романса, креативност и радост.”

Девица

„Рефлексијата за минатото, домот и семејството ќе бидат во фокусот. Можни се промени во просторот за живеење.

Вага

„Ќе почувствувате потреба да учите, пишувате или да се поврзете со другите. Комуникацијата е вашиот клуч за успехот“.

Скорпија

Финансиите доаѓаат до израз. Можни се покачувања, нова понуда за работа или инвестиции.

Стрелец

„Очите на сите ќе бидат вперени во вас! Големите лични или професионални цели може да се постигнат токму сега“.

Јарец

„Време е за повлекување и духовно чистење. Томас советува одмор, интроспекција и контакт со потсвеста.

Водолија

„Приклучете се на заедницата, мрежите и тимовите. Преку дигитални канали можни се успешни соработки, па дури и нови познанства.

Риба

„Вашата работа доаѓа до израз! Можни се признанија, унапредување или нови професионални можности кои се отвораат.

ИЗДВОЕНИ