Пристигнаа пријави за злоупотреба на исплатата на К-15 или регресот за годишен одмор во реалниот сектор, само во текот на вчерашниот ден до „Гласен Текстилец“ пристигнале пријави од пет големи компании во земјава, кои вработуваат над 2.000 работници, изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.
„Овие работодавачи се обидуваат да го заобиколат законот и да исплатат К-15 во многу понизок износ – 2.000, 1.000, 500, па дури и 100 денари“, изјави Ампева. Според неа, овие дејства се злоупотреби кои го поткопуваат законскиот пропис, кој предвидува дека К-15 треба да биде 40% од просечната плата, но не наведува конкретен износ кој не смее да биде под тоа ниво.
Ампева истакна дека ова е единствениот начин да се запрат злоупотребите на сметка на работниците, кои се жртви на ваквите практики.
„Не можам да ги обвинам организациите на работодавачи бидејќи тие го бранат својот капитал“, додаде таа.
Таа смета дека казните за работодавачите се премногу ниски и дека единственото што државата може да направи е да поттикне Управата за јавни приходи (УЈП) да изврши контрола во компаниите кои пријавиле загуба, за да се утврди дали има злоупотреби со исплатата на регресот.
„Казните во време на претходната власт на работодавачите им дадоа ветер во грб за да ги кршат законите. Треба да се стави акцент на проверката на тие кои пријавуваат загуба, но истовремено некои од нив се купуваат нови автомобили, вили или станови, додека исплаќаат помала сума на регрес за годишен одмор“, истакна Ампева.
Во реалниот сектор, работниците треба да добијат К-15 во износ од 16.800 денари, додека вработените во администрација треба да добијат 11.000 денари. Исплатата на К-15 е предвидена да биде завршена до крајот на годината.
ИЗДВОЕНИ

ЖИВОТНИ ПАТОКАЗИ, ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Влијанието на траумата врз децата и младите

Падна договор – 11.000 административци со повисоки плати, граѓаните сонуваат подобри услуги

Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, сега е добро и дома, потврди македонскиот ПР тим

Поранешна обвинителка на СЈО со шокантни откритија за неговото (не) функционирање








