Пристигна реакција од Москва: Трамп ѝ објави војна на Русија

574
EPA/EKATERINA SHTUKINA/ SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE / POOL MANDATORY CREDIT

Поранешниот претседател на Русија и близок сојузник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев, остро реагираше на најновата одлука на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави да воведе санкции врз руските енергетски гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“.

Во порака објавена на Телеграм, потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација рече дека таков потег е „директен чин на непријателство“ кон Русија и дека американскиот претседател Доналд Трамп сега отворено застанал на страната на европските сили.

– Ако некој од коментаторите сè уште имал илузии, еве го доказот: САД се наш непријател, а нивниот зборлест „миротворец“ сега целосно се впуштил во патот на војната против Русија. Тој можеби не се бори директно на страната на Киев, но ова е неговата војна – не на оној сенилниот Бајден! Секако, ќе каже дека бил притиснат од Конгресот и немал избор, но тоа не менува ништо. Донесените одлуки претставуваат чин на војна против Русија. Трамп сега целосно се приклучи на лудата Европа – напиша Медведев.

ИЗДВОЕНИ