Пристигна пресудата за десетмината кои ја навредуваа Брижит Макрон

135
EPA LUDOVIC MARIN

Десет лица беа прогласени за виновни во француски суд денеска за онлајн вознемирување на Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон. Парискиот суд ги осуди на условни затворски казни до осум месеци, објави Би-Би-Си.

Осудените, осум мажи и две жени на возраст меѓу 41 и 65 години,ширеле тврдења дека Брижит е всушност маж, а судот ги осуди и за „злонамерни забелешки“ за 24-годишната разлика во годините меѓу претседателскиот пар. Меѓу осудените е и американската коментаторка Кандис Овенс, која исто така ширеше тврдења дека Брижит е транссексуален маж.

ИЗДВОЕНИ