
И Вашингтон одговори на големиот руски напад врз Украина во кој загинаа најмалку 12 лица преку ноќ, а десетици беа повредени.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, го осуди руското бомбардирање преку социјалните мрежи.
„Неселективно убивање на жени и деца ноќе, додека се во своите домови, претставува очигледно кршење на Женевските мировни протоколи од 1977 година кои се осмислени за заштита на цивилите“, напиша Келог.
„Овие напади се срамни, Запрете го убивањето. Прекин на огнот веднаш“, додаде тој.