Пристанишните работници во Франција блокираат пратка од 14 тони воена опрема за Израел

100

Пристанишните работници во јужна Франција блокираат пратка од 14 тони воена опрема за Израел, објави денес нивниот синдикат.

Работниците одбиваат да учествуваат во „континуираниот геноцид што го спроведува израелската влада“, соопшти синдикатот на Генералната конфедерација на работници (CGT).

Товарот, наменет за израелското пристаниште Хаифа, наводно се состои од делови за митралези произведени од компанија во јужниот град Марсеј, кои, според CGT, израелската армија ги користи против палестинското население.

Синдикатот соопшти дека контејнерот е лоциран и се наоѓа во пристаништето Фос-сур-Мер во близина на Марсеј.

ИЗДВОЕНИ