понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Природата ги помеша сезоните: Пролет среде февруари во Македонија

Природата ги помеша сезоните: Пролет среде февруари во Македонија

31

Целата седмица која што ни претстои во Македонија температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ и таа ќе услови да имаме многу повеќе сончеви периоди, суво време како и натпросечно топло, најави Славчо Попоски.

Температурите особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија во текот на седмицата која што ни претстои ќе се искачат и до близу 20 степени што значи дека температурите ќе ни бидат пролетни.

Натпросечно топло време ќе имаме во најголем дел од Европскиот Континент и на целиот Балкан и тоа после долгиот период на врнежливо и многу нестабилно време.

Уживајте во пролетното време во февруари кое не очекува во последната седмица од месец февруари, порача метеорологот.

ИЗДВОЕНИ