
Раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, веќе ги разгледуваат опциите кои треба да се реализираат за време на летниот преоден рок. Челниците се сфесни дека ќе останат без услугите на францускиот интернационалец Ибрахима Конате, кој ќе си замине од „Енфилд“ како слободен играч и затоа приоритет за време на летниот преоден рок ќе биде купување на нов централен дефанзивец кој треба да му биде партнер на капитенот, Вирџил ван Дајк.











