Џон Мајкл „Ози“ Озборн беше, благо речено, уникатен човек, човек чија легенда беше изградена подеднакво врз неговиот хаотичен живот колку и врз неговата музика.
Легендарниот музичар Ози Озборн почина на 76-годишна возраст. Настапите беа „во неговата ДНК“, рекоа пријателите и обожавателите на легендарниот британски пејач. Иако причината за смртта сè уште не е официјално објавена, Озборн имаше разни здравствени проблеми во последните години. Тој страдаше од разни болести, вклучувајќи ја и тешката битка со Паркинсонова болест, со која се соочи во 2020 година, а три години подоцна ја прекина турнејата поради многу сложена операција на ‘рбетот.
Но, сепак никогаш целосно не се откажа од музиката и настапите.
По две операции, тој се обиде повторно да застане на нозе, но закрепнувањето беше побавно отколку што очекуваше. Сепак, болката престана и желбата за музичката сцена повторно се засили.
Закрепнувањето на легендата на хеви метал музиката било бавно, а тој неодамна откри дека пред секој настап секојдневно го мерел крвниот притисок и пулсот. Во разговор за „Ozzy Speaks“, тој рече дека неговиот крвен притисок бил мерен дури 15 пати на ден. Тој носеше монитор следење на крвниот притисок, но луѓето околу него се обидуваа што поскоро да го вратат во нормален живот.
Членовите на Блек Сабат „изгубија брат“, рече ко-основачот на бендот Тони Ајоми, додека басистот Теренс „Гизер“ Батлер се потсети на нивниот последен заеднички настап, а тапанарот Бил Ворд сподели нивна заедничка фотографија, објави Би-Би-Си.
Неговата смрт се случи помалку од три недели по неговото пензионирање од настапите. Имено, на 5 јули, Озборн повторно се соедини со своите оригинални членови на бендот во пионерската група „Блек Сабат“ за прв пат од 2005 година, за „Назад на почетокот“: проштален концерт исполнет со ѕвезди на кој настапија некои од најголемите имиња во металот.