Принцот Хари и војвотката Меган Маркл се сретнаа со преживеаните од терористичкиот напад во декември 2025 година на плажата Бонди во Сиднеј за време на нивната турнеја низ Австралија.
За време на нивната посета, двојката разговараше со службите за итни случаи кои реагираа на нападот, во кој загинаа 15 лица, како и со претставници на Еврејскиот музеј во Сиднеј, кој подготвува изложба за настанот, објави денес „Гардијан“.
Меѓу соговорниците беа преживеани од нападот, вклучувајќи жена која ја заштити својата петгодишна ќерка и маж кој беше повреден додека се обидуваше да ги заштити своите деца.
Терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, извршен на 14 декември 2025 година од таткото и синот Саџид и Навид Акрам, резултираше со смрт на 15 лица за време на прославата на еврејскиот празник Ханука.
Двојката претходно учествуваше на јавни настани во Мелбурн, а за време на нивната посета на Австралија се појавија и на други контролирани јавни места, со ограничени средби со јавноста.
Принцот Хари зборуваше за време на самитот во Мелбурн за личните искуства, вклучувајќи го чувството на загуба и справувањето со менталните предизвици по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана.
Турнејата на двојката низ Австралија завршува денес, со дополнителни приватни настани и настапи пред ограничен број гости.












