Принцот Ендру во е-пошта до Џефри Епштајн тврдел дека биле „заедно во ова“

54
EPA/NEIL HALL

Британскиот принц Ендру му напишал во е-пошта на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн дека тие се „заедно во ова“ откако во 2011 година беше објавена фотографија од британскиот принц со раката околу тинејџерката Вирџинија Џуфре.

Е-поштата, според „Гардијан“, дополнително ќе го зголеми притисокот врз војводата од Јорк и британското кралско семејство, со оглед на тоа што принцот претходно тврдеше во интервју за Би-Би-Си дека до тој момент го прекинал контактот со осудениот педофил.

Кореспонденцијата меѓу помладиот брат на кралот и Епштајн, објавена во британските весници, сугерира дека тоа не е вистина.

Во интервју за програмата „Newsnight“ на Би-Би-Си во 2019 година, принцот Ендру рекол дека го завршил пријателството со Епштајн во декември 2010 година, откако биле снимени како шетаат заедно во Њујорк.

„И јас се грижам за тебе“ Не грижи се за мене! Се чини дека сме заедно во ова и ќе мора да се издигнеме над тоа. Патем, ајде да останеме во близок контакт и наскоро ќе играме повторно!!!“, се наведува во е-поштата испратена од Ендру до Епштајн.

Епштајн беше пронајден мртов во својата ќелија во федерален затвор во Њујорк во август 2019 година, додека чекаше судење за обвиненија за трговија со луѓе.

Неговата смрт беше прогласена за самоубиство.

ИЗДВОЕНИ