Принцезата не се откажува од традицијата: Кејт Мидлтон го најави својот божиќен концерт

25

Принцезата од Велс, Кејт Мидлотон, ќе биде домаќинка на својата петта служба божични песни во Вестминтерската опатија, која ќе вклучува посебни свечени претстави.

Кенсингтонската палата го потврди датумот на годишниот празничен концерт песни кој го организира Кејт Мидлтн, пишува „Хелоу“.

Принцезата повторно ќе ги пречека гостите во Вестминстерската опатија на петтата служба со божиќни песни „Заедно за Божиќ“, во петок, на 5-ти декември. На службата светскиот хор на Вестминстерската опатија ќе отпее некои од најпознатите божиќни песни во земјата, со музички настапи и читање на гости, вклуќувајќи ги актерката и пејачка Хана Вадингем, главниот пејач на групата „Бастиља“„ Ден Смит, оскаровката Кејт Винслет и наградуваниот актер Чиветел Еџиофор.

Темата на овогодишната служба ќе ги собере луѓето да ја слават љувовта во сите нејзините облици – без разлика дали станува збор за љубов во семејствата, преку пријателства, меѓу заедниците или дури и преку моќни моменти на поврзување со странци.

– Во свет кој често може да изгледа фрагментиран и неповрзан, љубовта е силата што нè поврзува сите нас – опфаќајќи генерации, заедници, култури и вери. Како што се приближуваме кон божиќната сезона, се потсетуваме на моќта на заедништвото. Вечерта ќе ја истакне трансформативната моќ на инвестирањето еден во друг со сочувство, присуство и радост, се вели во соопштението на Кенсингтонската палата.

ИЗДВОЕНИ