Над Прилеп попладнево се извива густ столб од голем пожар кој избувна на ѓубриште на влезот во градот.
Според првичните информации од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), запалено е големо количество смет на дива депонија на влезот во градот, каде што, според жителите, со месеци се фрлало ѓубре.
Од ДЗС информираа дека на терен е распоредена Противпожарната единица Прилеп и интервенцијата е во тек. Засега нема информации за евентуална опасност за населението и објектите во близина.
Фото:П.Стојановски