Македонското еколошко друштво, МЕД, на 22 октомври, во „Јуроп хаус“ во Скопје ќе организира работилница за деца на тема „Приказна за египетскиот мршојадец“.
– Децата со својата имагинација го следат големото патување на египетскиот мршојадец, местејќи ги по точен редослед нацртаните картички со главните слики од неговото патување. Користејќи мапа на светот, ги посочуваат државите низ кои поминува египетскиот мршојадец, се запознаваат со значењето на миграцијата, го раскажуваат патувањето на египетскиот мршојадец и ги воочуваат заканите со кои се соочуваат миграторните видови, поконкретно египетскиот мршојадец – објаснуваат од МЕД.
Првата група деца на возраст од 9 до 11 години ќе биде во терминот од 17:30 до 18:30 часот, додека втората група на возраст од 12 до 15 години ќе биде во терминот од 18:30 до 19:30 часот.
Работилниците ќе траат по 45 минути, а во групата ќе има максимум 20 деца и се со ограничен број учесници „прв пријавен – прв примен“.