петок, февруари 20, 2026
Дома КУЛТУРА „Приказната за Силјан“ со нови термини во Кинотека на барање на публиката

„Приказната за Силјан“ со нови термини во Кинотека на барање на публиката

31

Кинотеката на Македонија соопшти дека поради зголемен интерес на публиката за документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска,  воведува дополнителни термини кога тој ќе може да се погледне.

Новите термини на проекциите се на 23, 25 и 26 февруари од 18:00 часот.

Филмот, инспириран од познатата македонска бајка „Силјан штркот“, ја следи судбината на Никола, земјоделец, кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа  штрк со повредено крило, на кој решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му ја враќа смислата на животот на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Во документарецот, како протагонисти се појавуваат Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски.

Остварувањето е копродукција на американската „Конкордија“ со британската „Корнершоп“, а продуценти се режисерката Котевска, кинематограферот Жан Дакар, Јорданчо Петковски и Ана Хашми. Монтажата е изработена од Мартин Иванов. Оригиналната музика за „Силјан“ ја потпишуваат Џо Вилсон Дејвис и Хун Оукпарк, композитори од студиото на Ханс Цимер.

ИЗДВОЕНИ