Во изминатиов период, „Кино Балкан“ продукција и дистрибуција активно го дистрибуираше филмот „Приказна за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска.
Како што посочуваат оттаму, филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и урива рекорди, како по бројот на гледачи, така и по бројот на локации каде што е прикажан.
– Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето на нови региони и културни центри, овозможувајќи филмот да допре до секој гледач, до секое ќоше од републиката, овозможувајќи оваа исклучителна приказна да ја доживее секој жител на земјава. Во иднина се планирани и организирани проекции за основни и за средни училишта ширум државата, активно воведувајќи го филмското дело како дел од образовниот систем, практика широко застапена во европските земји, додаваат од „Кино Балкан“.
Истакнуваат дека е време македонскиот филм да го добие вистинското место во кино-салите низ Македонија и да добие вистински третман.
– Време е македонскиот филм да ѝ се врати на македонската публика, посочуваат оттаму.












