Од групата „Независни за Карпош“ реагираат на сѐ поголемиот број кучиња во општината, кои организирано се носат од други локации, а го пријавуваат граѓаните.

Поради тоа, апелираат секој што има каква било информација поврзана со точна локација, време, опис или слика на возилата со кои се носат кучињата, да се обратат до нив и да им дадат информации.

– Со вашите информации, ќе бараме преку Општина Карпош, а и преку МВР, да се идентификуваат тие што ги носат кучињата, со цел да се спречи понатамошното прелевање на бездомни кучиња наместо реално решавање на проблемот и да се сочува безбедноста и на жителите и на кучињата и мачињата во регионот – децидни се од групата „Независни за Карпош“.

 

 

ИЗДВОЕНИ