На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска е пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно.
По добиената пријава, од страна на дежурниот оперативен центар на ЦУК веднаш се известени Министерството за внатрешни работи за формирање специјален тим за пребарување, како и Црвениот крст, по што е почната потрага, а тим за заштита и спасување од ДЗС веќе се упати на локацијата каде е изгубено лицето.