Пред вратите на Јавното претпријатие „Лајка“, намерно било исфрлено куче не постаро од пет месеци.
Од претпријатието остро реагираат и нагласуваат дека не примаат кучиња помлади од седум месеци и оти оставањето животни на ваков начин претставува сериозно прекршување на законите за заштита и благосостојба на животните.
– Со основано сомнение дека граѓанинот го исфрлил сопственото милениче со цел незаконски да се ослободи од него, истиот ќе биде пријавен до надлежните институции. Очекуваме и бараме надлежните органи да преземат мерки и да изречат соодветни санкции за ваквиот чин – нагласуваатт од ЈП „Лајка“.
Притоа, апелираат до сите граѓани дека ваквото несовесно и нечовечно однесување нема да биде толерирано.
– Секој иден случај ќе биде документиран и пријавен, со цел сторителите да сносат одговорност во согласност со законските прописи – предупредуваат од претпријатието.