Пријателска пијанка во Дојранско заврши со тепачка до смрт

757

Маж од Дојранско си го убил пријателот со кој заедно пиеле во саботата попладне. Полицијата го уапси и ќе одговара за убиство на Никола Тимев. Јавното обвинителство во описот за настанот вели дека двајцата заедно пиеле на скали во близина на кафеаната и во еден момент почнале да се караат, по што расправијата преминала во тепачка.

„Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и со нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на рацете, нозете и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и со обилно крвавење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. Повредениот го забележале случајни минувачи, кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди“, стои во информацијата за настанот

Јавниот обвинител доставил предлог до судијата за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата, велат од ОЈО.

 

ИЗДВОЕНИ