понеделник, февруари 23, 2026
Дома СКОПСКА Приготвени 250 топли оброци поделени во Пунктот за бездомници на Црвениот крст

Приготвени 250 топли оброци поделени во Пунктот за бездомници на Црвениот крст

140

Во пресрет на најубавиот празник, скопскиот градоначалник, Орце  Ѓорѓиевски денешниот ден го посвети на хуманоста.

-Заедно со сопругата на премиерот, госпоѓа Рози Мицкоска, мојата сопруга Мартина, познатиот готвач Марк Де Јонг и вредните ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, со љубов и посветеност приготвивме повеќе од 250 топли оброци. Тие беа поделени во пунктот за бездомници на Црвениот Крст – таму каде што секој гест значи надеж, а секој оброк значи грижа- истакна Ѓорѓиевски кој додаде дека хуманоста не е избор, туку темел на едно здраво, солидарно и праведно општество.

Скопскиот градоначалник најави дека со директорот на училиштето и со Марк се договориле оваа хумана пракса да продолжи најмалку четири пати месечно, за да се  помогне на што поголем број сограѓани.

-Дополнително, се обврзувам да работиме и на обезбедување достоинствена работа за овие лица, како чекор кон полесно надминување на животните потешкотии.Малите дела на добрина имаат огромна моќ – да внесат светлина, надеж и верба во луѓето. Особено во време на големи празници, кога топлината на човечкото срце значи најмногу – нагласи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ