При заедничка истрага на повеќе европски земји: Неколку лица се упасени во случај на корупција – вмешана и една агенција на НАТО

20
Неколку лица се уапсени во рамки на голема антикорупциска истрага во која е вклучена една агенција на НАТО, соопштија правосудните системи на Белгија, Луксембург и НАТО.
„Благодарение на истрагата отпочната од Националната агенција за безбедност и набавки на НАТО, правосудните власти во неколку земји уапсија неколку лица обвинети за корупција во врска со договори со Алијансата“, изјави за „Франс прес“ неименувана портпаролка на НАТО.
Белгискиот правосуден систем наведе дека упасил двајца осомничени, од кои едниот е притворен, а другиот е пуштен по распитот.
„Истрагата се фокусира на можни неправилности во доделување договори за одбранбени компании за купување воена опрема за НАТО, како шт се муниција и дронови“, се наведува во соопштението на белгиските правосудни органи,
Истражителите се сомневаат дека неколкумина вработени во НСПА, како активни така и пензионирани, доставувале доверливи информации до компаниите за да можат да им обезбедат договори.
Луксембуршката полиција наведе дека извршила неколку претреси во Луксембург, каде што се наоѓа седиштето на НСПА, и запленила „документи корисни за утврдување на вистината.
„Белгиските, холандските, италијанските, шпанските и американските власти спроведоа истовремени операции кои доведуа до апсења на осомничените“, се додава во соопштението.
НАТО, од своја страна, тврди дека работа „во тесна соработка“ со правосудните органи за одговорните да се изведат пред лицето на правдата.

 

ИЗДВОЕНИ