Жена од областа Копривница во Хрватска вчера пронашла 27 рачни гранати, 800 грама експлозиви, 10 метри бавно горечки фитил, 50 парчиња иницијатори (забавувачи) и 470 парчиња разновидна муниција додека го реновирала имотот што го купила.
Таа сè пријавила во полиција. Експлозивите и муницијата ги презел полицаец задолжен за противексплозивна заштита.
„На овој начин, граѓаните ја отстрануваат опасноста од нивната околина и придонесуваат за поголема безбедност.
Им се заблагодаруваме на сите граѓани кои досега ја препознаа важноста на оваа акција и го вратија оружјето, како и на граѓаните кои веднаш пријавија мини и експлозивни направи во полицијата по нивното пронаоѓање, и ги покануваме сите други граѓани да го следат нивниот пример, со цел да се обезбеди побезбедна и посреќна иднина за сите“, изјави Полициската управа Копривница-Крижевци.