При извршени претреси на две локации во Скопје, одземени се огнено оружје и мобилни уреди, информираат од АНБ

116

Во врска со претходно обезбедените податоци од Агенцијата за национална безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи, на ден 19.07.2025 година, по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, беше извршен претре на дом и други простори на две локации во Скопје, по основ на член 396 од Кривичниот законик – недозволено изработување, држење и посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, информираат од АНБ.

При претресот беа пронајдени и одземени огнено оружје и мобилни уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа.

Лицата кај кои беше извршен претрес веќе се познати на Агенцијата за национална безбедсност и органите на прогонот поради нивни претходни противуставни активности. Едниот од нив има и одлежана затоворска казна поради учество во насилните протести поврзани со случајот „Монструм“.

Случајот е во понатамошна постапка и обработка од страна на надлежните институции.

ИЗДВОЕНИ