При гаснење пожар на запален стан во Струмица, пронајдено е починато лице

50
Фото: пожарникари Струмица, фб

Во запален стан во Струмица на улицата „Благој Јанков Мучето“ денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.

Денес, (четврток) 17.07.2025 година, во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице.

Оттаму посочија дека сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани.

Причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции.

ИЗДВОЕНИ