Од утре целосно се укинува системот за контрола на увозот ICS1 и започнува со примена системот за контрола на увозот ICS2, врз основа на одредбите од Царинскиот законик на Европската унија. Тоа се нови правила за превозниците кои превезуваат стока со крајна дестинација во некоја од земјите на ЕУ или стока која транзитира низ земјите членки на ЕУ, а е наменета за трета земја. Врз основа на нив, сите патни и железнички превозници што влегуваат во ЕУ, потребно е да поседуваат целосна влезна збирна декларација (ENS) со детали за стоките што ги внесуваат во Унијата или ги превезуваат преку нејзина територија до крајната дестинација.
Системот ICS2 (Import Control System) има за цел да ја зајакне безбедноста и сигурноста на стоките што влегуваат во ЕУ, преку спроведување на стандардизиран царински процес пред нивното пристигнување на територијата на Унијата.За усогласување со барањата на ICS2 системот, засегнатите економски оператори неопходно е да поседуваат точни и целосни податоци за своите клиенти, да бидат целосно подготвени и да обезбедат соодветна обука на своите вработени. Пред да се поврзат со ICS2, исто така тие треба успешно да го поминалe тестот за самоусогласеност (достапен на линкот подолу) со што ќе се потврди дека можат да пристапат до царинските служби на земјите членки на Конвенцијата за заеднички транзит и да разменуваат пораки со нив. Доколку превозниците не ги исполнат барањата на ICS2, стоките што ги превезуваат би можеле да бидат задржани на границите на ЕУ и да не добијат царинско одобрение за понатамошно постапување.
Но, овие правила нема да стартуваат од 1 септември во сите земји членки на Европската унија. Оттаму известија дека системот што ќе се користи за поднесување на податоци за безбедност и сигурност (ENS) од денеска важи за териториите на Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Германија, Данска, Естонија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Шведска, Словенија,
Одложување на примената од 1 јануари 2026 година им е одобрена на Шпанија, Финска, Франција, Грција, Унагрија, Ирска, Италија, Литванија и на Обединетото Кралство. Најдоцна до 31 мај 2026 година, ICS1 или ICS2 и NCTS-P5 (транзитна декларација вклучувајќи податоци за безбедноста) им е одобрено на Хрватска, Латвиа, Полска и Романија.
– Ги повикуваме сите економски оператори (траспортери, извозници) доколку досега не се подготвени и не презеле активности за примена на ICS2 системот – веднаш, а најдоцна до 1 септември да се подготват за примена на правилата за користење на ICS2 – потсетуваат од Царинската управа на Македонија.
(С.Бл.)