Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и што најавија точно на пладне излегоа на протест и го блокираа товарниот сообраќај на сите гранични премини во државата.
Фото: П. Стојановски

Ваквата одлука е предизвикана од новиот Систем за контрола на нивен влез и излез во Унијата. Компаниите тврдат дека се соочуваат со депортации и економска штета и бараат ЕУ да ги изостави транспортните фирми.













