сабота, јануари 31, 2026
Дома СКОПСКА Превентивни прегледи за рано откривање сколиоза во две центарски училишта

Превентивни прегледи за рано откривање сколиоза во две центарски училишта

55

Општина Центар заедно „Синергија Скопје”, од септември ќе започнат со пилот проект за рано откривање на сколиоза кај ученици од 8 до 14 години во центарските основни училишта „Св. Кирил и Методиj“ и „11 Октомври“.

Прегледите ќе ги спроведуваат лиценцирани физиотерапевти и ортопеди во училишни простории, со цел навремена детекција и стручна поддршка.

-Здравјето на децата е наш приоритет! Во пубертетот, кога телото брзо се менува, важно е да се реагира навреме. Неправилното седење, мобилните телефони и тешките ранци го оптоваруваат ’рбетот , затоа секое дете треба да има можност за превентивен преглед. Превенцијата не е привилегија , туку потреба на секое дете – потенцираат од Општина Центар.

ИЗДВОЕНИ