Како и секоја година за време на Божиќните празници, турнејата „Четири скокалници“ дава посебен шарм, а оваа година славата и комплиментите им припаднаа на неверојатниот Словенец, Домен Првец. Во генералниот пласман на турнејата, тој славеше со вкупно 1.195,6 поени, дури 42,3 поени пред второпласираниот Јан Хорл.
Превц победи во Оберстдорф и Гармиш-Партенкирхен, додека беше втор во Инсбрук и Бишофсхофен. Најдобриот скокач оваа сезона стана само третиот Словенец кој ја освоил Новогодишната турнеја. Пред него тоа го сториле само Примож Петерка (1996/97) и братот на Домен, Петер (2015/16).
Превц се враќа од турнејата „потежок“ за 162.525 евра. Победите во Оберстдорф и Гармиш му донесоа по 18.175 евра, второто место во Инсбрук 11.500, а второто место во Бишофсхофен 14.675 евра. Покрај овие награди, дојде и главната премија од 100.000 евра за победникот на „Четирите скокалници“.












