Претставник на Хамас: Разоружување не доаѓа предвид

310

Разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас „не доаѓа предвид“, иако е дел од планот за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денес висок функционер од движењето.

„Предложеното предавање на оружјето не доаѓа предвид и не е предмет на преговори“, рече тој.

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во четврток, 9 октомври, со кој ќе се стави крај на војната во Појасот Газа што трае од октомври 2023 година.

Договорот е посредуван од САД и беше предложен од претседателот Доналд Трамп.

Договорот предвидува ослободување на заложниците во Газа во рок од 72 часа во замена за затворениците што ги држи Израел, како и ослободување на хуманитарна помош во Појасот.

Втората фаза од планот од 20 точки се однесува на разоружувањето на Хамас, протерувањето на неговите борци и продолжувањето на постепеното повлекување на израелските сили од Газа.

ИЗДВОЕНИ