четврток, јануари 22, 2026
Дома СКОПСКА Претставени развојните планови и стратешките приоритети на Град Скопје

Претставени развојните планови и стратешките приоритети на Град Скопје

13

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски остварил средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, во состав на Клер Сирс, директорка на Британскиот совет за Западен Балкан, Доминик Роудс, раководител за политика во Амбасадата, како и Милан Лучиќ, раководител на Секторот за уметност при Регионалната канцеларија на Британскиот совет, на која билеа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу Скопје и Обединетото Кралство.

Од Град Скопје информираат дека на средбата било разговарано за развојните планови и стратешките приоритети на Град Скопје, со посебен акцент на образованието, културата, локалниот економски развој и креативните индустрии, како и за потенцијалната поддршка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата 2028“.

-Во рамките на средбата го запознав амбасадорот Лосон со програмата и плановите за развој на Скопје, кои се темелат на јасна визија, конкретна стратегија и долгорочни, одржливи политики, насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Разговаравме и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката преку заедничка реализација на проекти, програми и активности од заемен интерес, со посебен акцент на образованието и културата, како и преку размена на позитивни искуства и успешни практики во областа на локалниот економски развој и креативните индустрии – истакна  Ѓорѓиевски.

Тој наведе дека на работниот состанок било  отворено и прашањето за потенцијална соработка и поддршка во рамките на активностите поврзани со проектот „Европска престолнина на културата 2028“, вклучително и неговата меѓународна промоција и вмрежување со европските градови, како значаен чекор кон меѓународна афирмација на Скопје.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ