Претставена визијата за долгоророчен развој на Скопје  

31

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.

Од Град Скопје соопштија дека на средбата била претставена визијата за долгорочен развој на главниот град, заснован, како што велат, на одржливи политики, европски стандарди и продлабочена меѓународна соработка.

-Разговорот се фокусираше и на натамошно унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон, како и отворање нови можности за заеднички проекти и иницијативи од интерес за граѓаните на Скопје – информираат од Град Скопје.

Ѓорѓиевски истакнал дека Скопје се стреми кон целосна интеграција на европските стандарди во економскиот раст, културниот развој и во зелените политики.

-Амбасадорот Ле Риголер ја изрази подготвеноста на Франција да споделува искуства и иницијативи кои можат значајно да придонесат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во нашиот главен град. Ја нагласивме и важноста од континуирана институционална комуникација и координација, со цел отворање на нови можности за парнерства и долгорочни проекти. Убеден сум дека оваа соработка ќе придонесе Скопје да продолжи да се развива како современ, европски град, кој нуди иновативни решенија и останува широко отворен кон светот – изјави Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ