Претседателот на Европскиот совет следната недела доаѓа во посета на Западен Балкан

17
Фото:википедија

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе го посети идната недела Западен Балкан.

Посетата на Белград е планирана за 13 мај, јавува РТК.

Тоа ќе биде негова прва посета во рамки на балканската турнеија откако стапи на должост како претседател на Европскиот совет, истакнува РТК, а престојот во Приштина се најавува за 14 мај.

Турнејата која Кошта ќе ја направи по сите земји на Западен Балкан се одвива во пресрет на самитот на Евопската политичка заедница, која ќе се одржи на крајот на следната седмица во Тирана.

Европската политичка заедница е паневропска иницијатива која датира од 2022 година, основана на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон/

Се собираат повеќе од 40 лидери од земјити од европскиот континент и институции на ЕУ.

ИЗДВОЕНИ