Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката, оддавајќи почит на борбата за слобода и државност во Илинденското востание од 1903 година и заседанието на АСНОМ во 1944 година. Таа истакна Илинден е сржта, срцето и дужата на Македоснката државност.
„Драги сограѓани, Илинден е сржта на македонската историја. Илинден е срцето на македонската република, Илинден е душата на македонската државност. Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост! 2 Август е денот на двата Илиндена: Крушевскиот којшто ја роди идејата за Републиката и асномскиот којшто ја оживотвори. Првиот беше искра, вториот пламен, првиот беше ослободителен крик и херојска епопеја, вториот беше државна конституција по победа“, стои во првиот дел од честитката на Сиљановска-Давкова.
Претседателката на државата истакна дека Илинден е призната што тече, се пишува и допишувала со крв и солзи, но и порази и победи.
„Првиот посеа републиканско семе, вториот ја собра жетвата на Народноослободителната борба. Илинден е приказна што тече, се пишува и допишува со крв и солзи, порази и победи. Илинден нѐ учи дека Републиката не се наследува, туку се изборува и се заслужува. Илинден нѐ обврзува да направиме од државата пристојно место за живеење за сите, место од кое нема да се бега, туку во кое ќе се доаѓа. Илинден е пример за обединување заради заедничка цел и општо добро. Илинден е ден на тивка заклетва пред Никола, Питу, Даме, Гоце… и пред мноштвото знајни и незнајни борци, дека она што го сториле за нас, несебично вградувајќи се во темелите на македонската државност, никогаш нема да го заборавиме и засрамиме. Драги потомци на славните илинденци, наследници на нивната визија, храброст и неизмерна љубов кон татковината, од срце ви го честитам Илинден, празникот над празниците. Нека е вековита македонската република! Нека ни е вечен Илинден!“