САД и Европската Унија одлучија да ги елиминираат сите царини за одредени нивни производи, вклучително и аеронаутиката, изјави вечерва претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.
Двете економски сили одлучија да ги елиминираат царините една на друга „за низа стратешки производи“, вклучувајќи аеронаутичка опрема, „одредени хемикалии, полупроводници, одредени земјоделски производи и критични суровини“, изјави таа за новинарите во Шкотска, каде што се одржа состанокот.
Според неа, ЕУ ќе купи големи количини јаглеводороди од САД за да го замени увозот од Русија.
„Ќе го замениме рускиот гас и нафта со значителни купувања на американски течен природен гас (LNG), нафта и нуклеарни горива“, во вредност од 750 милијарди долари во текот на три години, изјави Урсула фон дер Лајен.
Разговорите се одржаа пред рокот на 1 август што го постави Трамп. ЕУ се закани со царини од 30 проценти.
Средбата се одржа во луксузниот голф-центар на семејството Трамп на западниот брег на Шкотска.