петок, јануари 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Претседател на ловечко друштво „уловил“ 20.000 евра од сметката на друштвото

Претседател на ловечко друштво „уловил“ 20.000 евра од сметката на друштвото

37

Основно јавно обвинителство – Струмица поднесе кривична пријава против Д. Р. (41) од Струмица, поради постоење основи на сомневање дека го сторил кривичното дело проневера во службата по член 354 од КЗ.

Во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година, од трансакциската сметка на ловечкото друштво, на која воедно бил и овластен потписник, пријавениот во повеќе наврати подигнувал поголеми износи парични средства, кои ги присвојувал за себе, без да има соодветна оправданост или сметководствено покритие за тоа.

Со таквите дејства, Д. Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, износ за кој е оштетено ловечкото друштво.

ИЗДВОЕНИ