Претерано оптоварување, но и долготрајно седење се причините за воспаление на мускулите; Совети од физиотерапевтот Илија Жежов

20

Симптомите најчесто се јавуваат проследени со болка и чувствителност на мускулите, оток и локално црвенило, ограничено движење, слабост како и намалена функционалност. При ваквите состојби задолжително треба да се јавите на физиотерапевт. Важно е да знаете дека при овие симптоми е најважна навремената дијагноза и физикалната терапија која дури 90 проценти помага во можноста значително да ја подобрите и да ја санирате настанатата состојбата

Воспалението на мускулите најчесто настанува поради претерано оптоварување со спорт или одредени повреди, инфекции, автоимуни состојби или долготрајна неправилна положба на телото и залежаност во пасивна состојба која доведува до атрофија на мускулатурата и прави одредена појава на болка.

Исто така, причини може да бидат и претерано оптоварување или микротрауми кој се јавуваат од интензивен тренинг, нагли движења и неправилна техника за одредени вежби или истегнувања во одредени движења. Други причини можат да бидат, исто така, и механички повреди како што се удар, истегнување или кинење на мускулни влакна, инфекции – вирусни или бактериски и автоимуни заболувања кај кои имуниот систем ги напаѓа сопствените мускули.

Долготрајната статична положба на седење или стоење исто така може да биде причина број еден за воспалението на мускулите, а оваа состојба дополнително се појавува и од психофизички стрес и недоволен одмор на телото.

Симптомите најчесто се јавуваат проследени со болка и чувствителност на мускулите, оток и локално црвенило, ограничено движење, слабост како и намалена функционалност. При ваквите состојби задолжително треба да се јавите на физиотерапевт. Важно е да знаете дека при овие симптоми е најважна  навремената дијагноза и физикалната терапија која дури 90 проценти помага во можноста значително да ја подобрите и да ја санирате настанатата состојбата.

Во сите процедури при третман на сите овие повреди најважни методи за лекување се: електротерапија – комбинација на одредена струја која помага за намалување на болка и опуштање на мускулите. Потоа ултразвук, чија помош помага во подобрувањето на микроциркулацијата и го поттикнува процесот на заздравување. Тука е и магнетотерапијата, која влијае противвоспалително и ја стимулира регенерацијата на клетките. Супериндуктивен систем, пак, дејствува и го забрзува процесот на заздравување на мускулот. Секако и ласер-терапијата, која ги намалува воспалението и болката преку биостимулативен ефект, како и криотерапија и термотерапија – ладно во акутна фаза за намалување на оток и болка и топло во хронична состојба за релаксација и опуштање.

Најчесто терапијата вклучува комбинација од овие методи, приспособени на фазата на воспалението и состојбата на пациентот. Тука главна цел се масажата и одредените вежби со физиотерапевт, додека, пак, исто така важна цел се пешачењето и одредената физичка активност во текот на денот.

(Авторот е специјалист по здравствен фитнес, Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ ЗДРАВЈЕ)

ИЗДВОЕНИ