Независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, е на пат да победи на претседателските избори во вториот круг против ултранационалистичкиот кандидат Георге Симион.
Анкетите на Авангарда и CURS ја процениле победата на Дан со нешто повеќе од 54 отсто од гласовите на изборите одржани во неделата, 18-ти мај.
Победата на Дан се гледа како резултат што ќе ја задржи Романија на нејзиниот прозападен курс.
Романија е сведок на изборен пресврт по триумфот на десничарскиот кандидат Симион во првиот круг од изборите одржан на 4-ти мај.
Тоа е и пресврт од резултатите од поништените избори одржани пред шест месеци, на кои победи кандидатот на десницата Калин Ѓорѓеску.
Тие избори беа поништени од Уставниот суд, наведувајќи го руското мешање во изборниот процес во корист на Ѓорѓеску, што Москва го негираше.
Изборите во неделата беа кулминација на повеќемесечната политичка криза што ја потресе Романија, а резултатите покажуваат дека јавноста се префрли од крајната десница кон Никосур Дан, центристичкиот кандидат.
За тоа несомнено придонесе рекордната излезност на изборите во неделата од 64 отсто од гласачите.
Своето право на глас го искористија околу 11,6 милиони гласачи, над два милиони повеќе отколку во првиот круг и повеќе од првичното гласање пред шест месеци.
Првата порака на Никушор Дан
„Има една заедница која ги загуби денешните избори“, рече 55-годишниот Никусор Дан во своето прво обраќање пред своите поддржувачи по затворањето на гласачките места, на митинг во романската престолнина Букурешт.
„Заедница која е огорчена од начинот на кој досега се води политика, толку револтирана што верува дека единственото решение е револуцијата“, рече Дан.
Наша должност е да ги убедиме дека реформите во судството и борбата против корупцијата ќе бидат приоритет“, заклучи тој.