Пресврт во приказната за помирувањето: Принцот Хари му заби нож во грбот на кралот Чарлс

206

Приказната за помирувањето на принцот Хари и кралското семејство доби сосема нов пресврт и се чини дека мирот во палатата ќе се очекува долго време.

По години тензии и јавни конфликти, неодамна во Лондон се одржаа неформални средби меѓу луѓе блиски до принцот Хари и кралот Чарлс, што им даде надеж на многумина дека односите би можеле да се подобрат.

Сепак, според упатените, работите брзо тргнале наопаку поради самите Хари и Меган.
Како што објавија странските медиуми, Хари и Меган ја искористиле средбата за да ја претворат во лично шоу, иако кралот Чарлс имал искрена желба да разговара и да најде мирно решение.

– Чарлс навистина сака мир, а Хари носи карневал од луѓе со камери на средбата – изјавил експертот за имиџ на познати личности Ерик Шифер, пишува Дејли Меил.

Според странските медиуми, Хари и Меган ја искористиле средбата за да ја претворат во лично шоу, иако кралот Чарлс имал искрена желба да разговара и да најде мирно решение.

– Чарлс навистина сака мир, а Хари носи карневал од луѓе со камери на средбата – изјавил експертот за имиџ на познати личности Ерик Шифер, пишува Дејли меил.

Тој објасни дека кралот испратил мал, доверлив тим помошници, додека Хари и Меган пристигнале придружени од папараци, претворајќи го обидот за помирување во медиумски спектакл.

Иако Хари и Меган наводно се лути на медиумските наслови, експертите истакнуваат дека тие придонеле за тоа „маслиновата гранка“ што им ја понудил кралот да изгори пред јавноста.

– Правило број еден во комуникацијата во криза – не ја горете сопствената маслинова гранка. Хари токму тоа го направи – заклучи Шифер на шега.

Како што стојат работите, односите во кралското семејство остануваат напнати, а принцот Хари и Меган сè уште го бараат своето место под сонцето во Америка, каде што, според упатените, не се во можност да го најдат мирот што го бараат.

ИЗДВОЕНИ