петок, февруари 20, 2026
Дома СВЕТ Пресврт кај „Хамас“: Прифаќаме мировни сили во Газа, но без мешање во...

Пресврт кај „Хамас“: Прифаќаме мировни сили во Газа, но без мешање во внатрешните работи

30
Фото: EPA/MOHAMMED SABER

Портпаролот на палестинската милитантна група Хамас, Хазем Касем, денес изјави дека либанското милитантно движење е отворено за присуство на меѓународни мировни сили во Газа, но дека отфрла какво било мешање во внатрешните работи на таа територија.

„Нашиот став за меѓународните сили е јасен. Сакаме мировни сили кои ќе го следат прекинот на огнот, ќе обезбедат негово спроведување и ќе дејствуваат како тампон зона помеѓу окупаторската армија и нашиот народ во Појасот Газа, без да се мешаат во внатрешните работи на Газа“, рече Касем, објави „Тајмс оф Израел“.

Хамас првично остро се спротивстави на Меѓународните сили за стабилизација кога САД го презентираа предлогот минатата година, во нивниот план од 20 точки за прекин на војната во Газа, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ