Пресудата за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски ќе биде објавена денеска во Кривичниот суд во Скопје.
Обвинети за двојното монструозно убиство се Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека таткото Александар Ѓорчевски како соучесник.
Во обвинението стои дека сите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања, со цел да изнудат пари за откуп. Грабнувањето, пак, на Жежовски било да се искористи неговиот автомобил „Ситроен“ за грабнување на детето.
Обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни. Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда. Обвинителството побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Видевски, Кешишев и Манев.
Низа прашалници за убиството на Вања и на Панче пред пресудата в среда