Австралискиот возач во Формула 1, Џек Дуан, побара да престане малтретирањето на неговото семејство откако лажна објава на социјалните мрежи, погрешно припишана на неговиот татко, предизвика бурни реакции.

Неговиот татко, Мик Дуан, е жива легенда на Мото ГП и поранешен светски шампион во мотоциклизмот.

  • Ве молам, престанете да го вознемирувате моето семејство. Не мислев дека ќе мора да дојде до ова – напиша 22-годишниот Дуан на својот инстаграм-профил, кој го следат половина милион корисници.

Дуан ја започна сезоната како прв возач на Алпин, но по шест трки, на почетокот од мај, беше заменет од Аргентинецот Франко Колапинто. Објасни дека бранот на сајбер малтретирање следувал откако неговиот татко, поранешен светски шампион за мотоцикли – Мик Дуан, бил лажно обвинет за објава во која има исмејување на несреќата на Колапинто во текот на квалификациите за Големата награда на Емилија Ромања, минатиот викенд, во Италија.

Следната трка во Формула 1 се вози овој викенд, во Монако.

ИЗДВОЕНИ