Престанаа да работат најголемите апликации и веб- страници, погодени над 500 компании

431

Многу од најголемите апликации и веб-страници во светот утинава одеднаш престанаа да работат. Меѓу нив се „Снепчет“, „Роблокс“, „Фортнајт“, „Дуолинго“, „Канва“… , кои покажуваат големи проблеми преку веб-страницата Даум детектор. Се чини дека проблемите се поврзани со тешкотии во „Амазон веб-сервисис“, кој ја обезбедува инфраструктурата на која се базира голем дел од модерниот Интернет.

„Амазон“ објави на својата страница за статус на услугата дека доживува „зголемени стапки на грешки“ и доцнење со повеќе услуги. Проблемите се однесуваат конкретно на нејзините системи за складирање и компјутерски ресурси, вклучувајќи ги „Амазон динамо ДБ“ и „Амазон еластик компјут клауд“, кои им овозможуваат на компаниите да изнајмуваат простор за складирање и сервери за да ги извршуваат своите услуги, пишува британски „Индепендент“.

Само во Велика Британија беше регистриран пад на повеќе од 400.000 апликации во првите два часа од прекинот. Вкупно, повеќе од 500 компании пријавија проблеми низ целиот свет.

ИЗДВОЕНИ